Венцоносецот Ко Ун ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ

Утре (вторник, 26 август) во 11:00 часот во Домот на македонските писатели во Скопје, добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, истакнатиот корејски поет Ко Ун, ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ.

Ko Un SVP

Одлуката за прогласување на Ко Ун за почесен член ќе ја соопшти претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски, а за творештвото на истакнатиот корејски поет ќе зборуваат Мите Стефоски, директор на СВП, и Славе Ѓорѓо Димоски, претседател на Управниот одбор на струшкиот поетски фестивал.

На средбата венцоносецот Ко Ун ќе им се обрати на љубителите на поетскиот збор од главниот град на нашава земја кои ќе имаат можност непосредно да се запознаат со неговото творештво.

You May Also Like