„Златна ризница“- поезија од основачот на најмалиот етнолошки музеј во светот

Четврток (18 октомври, 2012) во 12:00 часот, во ресторанот „Македонска куќа“ (спроти стара „Алумина“) ќе биде промовирана „Златна ризница“ книга поезија на Симеон Златев – Моне, основачот и домаќин на најмалиот етнолошки музеј, во тетовското село Џепчиште.

Авторот објавува една интересна книга “Етно ризница“, во која 33 експонати од Музејот се опејани од него.

Промотор на новото книжевно дело на Моне ќе биде познатиот новинар Васко Марковски. На промоцијата ќе присуствува и човекот на кого му е посветена книгата- долгогодишниот фото-хроничар на музејот, Драги Неделчевски, од Тетово, а ќе има читање, настап на музичари на кавал и на тамбура и беседа од проф д-р. Владимир Мартиновски.

Инаку Златев оваа година имаа свој серијал на сајтот „Добри вести“- одбира 365 предмети од Музејот и ги опишува во форма на хаику- стихови.

You May Also Like