Денови на македонската култура и литература во Канада

Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто и Македонското друштво на писатели „Браќа Миладиновци“ и оваа година ја организираат манифестација „Денови на македонската култура и литература во Канада“.

Настанот ќе се одржи во рамки на Македонската Православна Црква ,,Св.Климент Охридски,, во Торонто на 24 и 25 мај 2014 година.

Вчера (24 мај) на денот на македонските светители Кирил и Методиј беше организирана изложбата „Носија во слика,, – колаж од срмен, свилен и памучен конец од авторот Катерина Саздова.

Истиот ден беше прикажен играно-документарниот филм ,,Дисидент,, во режија на Петар Џуровски и продукција на ,,Лавиринт продукција,, во соработка со Кинотека на Македонија,,.

Во продолжение беше прикажан и култниот македонски филм ,,Среќна нова 49`,,во режија на Столе Попов.

На 25 мај во 12:30 часот ќе се организаира презентација на македонска храна и вино, изложба на ракотворби со македонски вез и плетка. Патепис за калашите во северен Пакистан – презентер Стив Плакас.

You May Also Like