Луксузна монографија за Спомен-куќата на Тоше Проески

Во сабота (19 мај 2012 година) во Спомен-куќата на Тоше Проески, со почеток во 11:00 часот, ќе биде промовиранa монографија, посветенa на овој објект. Луксузно издание посветено на објектот во кој досега влегле повеќе од 150 илјади посетители од Македонија, но и од останатите земји во светот.

На промоцијата на монографијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, а детскиот хор Ѕвончиња од Битола ќе изведат песни од Тоше.

Во монографијата претставена е историјата на Македонија во кратки црти, по што следи приказ на најзначајните карактеристики на Крушево. По општиот дел следи дел за Тоше со негова биографија. Претставени се архитектонските карактеристики на Спомен-куќата, како и деловите од музејската поставка. Дел е посветен на фановите на поп иконата, а монографијата се заокружува со наградата за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Бројни фотографии, а се издвојуваат ноќните прикази на Спомен-домот.

Монографијата ќе може да се купи само во Спомен-куќата, па од тие причини, посетителот мора да дојде во овој дом за да може да го има ова издание во својата библиотека.

You May Also Like