Божиќен концерт на триото Интерарт во Битола

Триото „Интерарт“ утре (среда, 14.12. 2011 година), ќе одржи Божиќен концерт во Битола, во малата сала на „Центарот за култура“.


Триото во кое членуваат Емилија Ристевска – Стефановска, Александар Стефановски – флејти и Татјана Божиновска – пијано ќе изведе дела за две флејти и пијано од француски композитори. Божиќниот концерт ќе се одржи во соработка со Француската алијанса во Битола.

Трио „Интерарт“ освен на фестивалите и престижните културни манифестации во Македонија, концерти одржале во Франција, Италија, Грција, Германија, Хрватска и САД и издале три ЦД-албуми со своја музика.

You May Also Like