Нова археолошка поставка во прилепскиот музеј

Утре (14 декември 2011 година) со почеток во 12:00 часот, во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска ќе се обрати на свеченото отворање на новата археолошка поставка во oваа музејска установа.

Поставката се простира на површина од 300 квадратни метри и содржи повеќе од 3000 археолошки артефакти од праисторијата, енеолитот, бронзеното и железното време, антиката, хеленистичкиот и доцноантичкиот период и средниот век.

You May Also Like