Поезија од Санде Стојчевски објавена во Русија и Полска

Избори од поезијата на истакнатиот македонски поет Санде Стојчевски неодамна беа објавени во Русија и во Полска.

 

Книгата од Стојчевски во Русија излезе под насловот „Вершина“ („Врв“) како издание на издавачката куќа „У Никитских ворот“. Во изданието се објавени четириесетина најрепрезентативни песни од македонскиот автор, а препевот на руски јазик го направија Максим Замшев и на Олга Панкина.

Во воведот кон поетскиот избор на Стојчевски, поетот и препејувач Замшев истакнува дека поезијата на нашиот автор на еден неверојатен начин ги спојува елементите на европскиот андерграунд со вкоренетоста во родната почва. Неговата поезија од една страна е сложена, а од друга страна, ако најдете за неа естетски клуч, е многу едноставна и хармонична. Неговите асоцијации и метафори се неочекувани. Во воведот се нагласува дека „книгата на Санде Стојчевски во превод на руски јазик ќе биде вистинско откритие за руските читатели“.

Изборот од поезијата на Стојчевски во Полска се појави деновиве како издание на издавачот „Ибис“ од Варшава. Во книгата се објавени педесетина песни од поновите книги на овој автор, а препевот на песните на полски јазик е на Ева Олчак. Изданието е ликовно-графички богато опремено со многу илустрации и содржи обемна био-библиографска белешка за авторот.

You May Also Like