Насловен како „Орелски кријла как да си метнех…“ македонскиот тенор концертот ќе го одржи во катедралата Санти Апостоли во Рим денеска (недела, 18 ноември) во 19:00 часот.
По тој повод ќе бидат изведени дела од македонските композитори Живко Фирфов, Трајко Прокопиев, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Томислав Зогравски, Дарија Андоновска и Димитрије Бужаровски. Нацоски на пијано ќе биде придружуван од маестро Алесандро Д`Агостини од Италија.
Концертот во Рим е организиран со финансиска поддршка од македонското министерство за култура, и е еден од проектите кои се од национален интерес за културата на РМ во 2012 година.
Амбасадорот за култура на Република Македонија во Италија, веднаш потоа го очекуваат уште два концерта во Бари на 22 и 23 ноември. Се работи за Реквием од Моцарт кој ќе биде изведен на фестивалот „Апулиа Мјузик Интернешнл Фестивал“, под диригентската палка на Вито Клементе со Оркестарот и Хорот „Томазо Траета“.
Инаку na 12 ноември излезе во продажба ЦД-то за операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, која македонскиот тенор за прв пат ја изведе оваа година во февруари, заедно со славниот Андреа Бочели. Ова е прво ЦД на Нацоски за дискографската куќа „ДЕКА“, а вкупно петто дискографско издание во неговата кариера.