„На зајдисонце“ во Трпејца

Од утре, (петок, 20 јули) до 28 јули во познатото туристичко место на Охридското езеро Трпејца, ќе се одржува манифестацијата „На зајдисонце“.

Целта на манифестиацијата е збогатување на културно-забавната понуда на Трпејца,а организатор е Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“.
Манифестацијата е конципирана да даде една нова димензија на туристичката понуда на населбата, преку повеќе културно-забавни содржини што ќе се организират на атрактивни локации во селото.

Во програмата се промоции на книги на автори од селото, уметнички изложби, едукативни работилници за децата од селото, но и за гостите кои престојуваат тука, спортски натпревари, курсеви за пливање, и како најинтересно, музички променади во вечерните часови со настапи на млади уметници од Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид.

Намерата на организаторите е манифестацијата „На зајдисонце“ да прерасне во традиционална.

You May Also Like