Бит Фест: два концерта, ликовна работилница, изложба и саем на книга

Вечер (вторник, 10 јули) во 20:00 часот во АРМ концерт ќе одржи „West Coast Symphony“ од Канада. Во Центарот за култура во тек се ликовна работилница, изложба како и мини саем на книга, а во 21:00 часот во Магаза настапува унгарскиот бенд Шекет.

 

Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“ од Ванкувер, Канада е основан во почетокот на 1970-тите години како гудачки оркестар.
Со текот на годините, оркестарот го зголеми својот инструментариум најпрвин додавајќи дувачки инструменти и подоцна удиралки, за да се комплетира како симфониски во средината на 80-тите години.

Оркестарот сега претставува 7 програми секоја сезона, во Долнаконтинентална Канада, но исто така и во оддалечените области како што се Боуен Ајленд, Вистлер и Ванкувер Островот.
По одржаните концерти во Кочани, Штип и вечерва во Битола, West Coast Symphony утре вечер настапуваат во Сули ан во Скопје, како дел од програмата од годинашното Скопско лето.

„Калеидоскоп 3“е ликовна работилница и изложба на портрети што во фоаето на Центарот за култура се одржува од 10:00 – 21:00 часот
Во 20.00 е свеченото отворање на изложба со дела на Елена Ѓоргиевска

„Битола чита“ е името на мини саемот на книга што во рамките на Бит Фест, на платото на Центарот за култура ќе трае од денеска па се до 10 август.

Во 21.00 часот во магаза концерт ќе одржи Sheket band од Унгарија
Бендот е формиран во јануари 2007 година. Бенд со рефлексија на специфичен музички стил: традиционална музика од различни култури во единствен спој, комбинирана со други добро познати музички стилови.

Sheket band се прилагодува на унгарските домородни фолк елементи во своето музичко опкружување, кое што го носат бугарски, романски, ирски, српски ритми и мелодии. Во мал степен се вклучени перкусии и електронски инструменти, со што музиката е направена привлечна за сите генерации.

You May Also Like