Во паркот во Автокоманда, беше откриено спомен обележје на прогонуваните, судените, затвораните, убиените и упокоените за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност од 1940-1991 година.
„Овој паметник ќе одбележи еден дел од историјата на Република Македонија кога за идејата за самостојна, независна Македонија многу граѓани од тогашниот комунистички режим биле затворани, прогонувани, некои убиени, а на некои им ги конфискувале имотите. Ние имаме обврска дел од таа историја да ја негуваме и да ја оставиме во наследство на идните генерации“, истакна градоначалникот Трајковски.
Семејствата на прогонуваните, судените, затвораните, убиените и упокоените за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност од 1944 0- 1991 година отсега ќе можат пред овој паметник да изразат почит кон своите најблиски. Ова спомен обележје е трето изградено во Р. Македонија, но нема да биде и последно. Во следниот период вакви спомен обележја ќе се изградат и во другите градови во Македонија, рече претседателот на здружението на граѓани политички прогонувани, Никола Андоновски