Второ издание на „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски

Во едицијата „Хит романи“ издавачот „Дијалог“ од Скопје го објави второто издание на „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски.

За неполни четири месеци од појавувањето романот  „Полицајка в кревет“ предизвика особено интересирање во литературната јавност и кај читателите. Тиражот од првото издание е целосно продаден.

Романот „Полицајка в кревет“ на 250 страници донесува потресна приказна за балканската раскрсница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови. Во овој криминалистичко-психолошко-еротски роман се разработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните во еден момент доживуваат иста судбина. Во романот на Веле Смилевски и едните и другите таа судбина ја доживуваат во исто време и на исто место: седнати на обвинителна клупа.

You May Also Like