На пладне на плоштадот Магнолија ќе се изучуваат народни ора од битолскиот регионсо страна на инструктори од ансаблот за фолклор “Гоце Делчев” од Битола …
Денес, со почеток во 12:00 часот во рамките на БИТФЕСТ ќе се одржи еднодневно претставување и подучување за ора преку директно комуницирање со инструктори за народни игри, со цел поголемо доближување на ова знаење до сите генерации.
Оваа манифестација би придонела секој намерник, случаен минувач да го доживее чувството на играта и песната, музицирањето и традиционалното облекување на носии и оттука, од оваа манифестација да се започне чекорењето кон вистинско запознавање на македонската историја, култура, традиција.
На плоштад “Магнолија“ ќе се играат и изучуваат народните ора од битолскиот регион и ќе се случи масовна “фолклорна едукација“ од страна на врвни битолски инструктори по фолклор од ансаблот за фолклор “Гоце Делчев” од Битола предводени од Бранко Жежовски. На крај на манифестацијата, ќе се одржи општонародна веселба, каде сите наши сограѓани и иселеници ќе имаат можност со професионалните играорци да играат и пеат.