Општината Гевгелија се придружува во настаните за одбележување на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, со празнична програма со вкупно 11 настани, осум од областа на културата и пуштање во употреба на три нови инфараструктурни зафати во градот.
Поп концерт за младите во дворот на Пионерскиот дом е првиот настан, по што следат објавите на најдобрите дела од литературниот конкурс „20 години независност“ во организација на градската библиотека „Гоце Делчев“ и историски час за Денот на независноста, што ќе се одржи во сите основни и средното општинско училиште.
Од 19-29 септември предвидени се музички настапи, презентации, изложба на документи за политичките затвореници 1945/1990, вечер посветена на академик Георги Старделов, кој по потекло е од Гевгелија, изложба на графики од Илија Кочовски.