Во поетската книга „Низ темјанот, еден лилјан“ од авторката Сузана В. Спасовска, во самото нејзино средиште се опева, а на места дури и се превреднува поставеноста на жената како принцип низ кој се пројавува божественоста. Таа поставеност се огледа низ лирскиот субјект кој проговара низ мноштвото ликови на жената.
Во Културно-Информативен Центар – Скопје, на 30 октомври 2014год. (четврток) во Салон 19:19, почеток во 19:19 часот ќе биде промовирана книгата „Низ темјанот, еден лилјан“, од Сузана В.Спасовска, од издавачката куќа „Антолог“.
Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега објавила четири стихозбирки – И љубов и заговор (1996, Македонска книга), Смртно писмо (2004, Блесок), Божествена жена (2006, Темплум) и Низ темјанот, еден лилјан (2014, Антолог), а Смртно писмо е објавена и како е-книга. Нејзини песни се застапувани во некои од антологиските избори на современата македонска поезија. Во 2006 година ја приредила и антологијата на поновата македонска поезија Пурпурни извори, во издание на Струшките вечери на поезијата. Од 2004 година е член на новата редакција на книжевното списание Разгледи. Пишувала и објавувала книжевнотеориски текстови во периодиката. Работи како професионален лектор.
Во поетската книга „Низ темјанот, еден лилјан“ од авторката Сузана В. Спасовска, во самото нејзино средиште се опева, а на места дури и се превреднува поставеноста на жената како принцип низ кој се пројавува божественоста. Таа поставеност се огледа низ лирскиот субјект кој проговара низ мноштвото ликови на жената.
Книгата ќе ја промовира проф.др.Светлана Камџијаш, стихови од книгата ќе интерпретира Арна Шијак, артист.