По повод Светкиот ден на младите Фондацијата „Уметност на живеење“ организира бесплатна работилница за млади која ќе се одржи утре (14 август) во „Балaнс 9“ ( ул Христо Смирненски бр. 37, лок 1 /позади Универзална сала) од 20:00-21:30 часот.
Програмите на Фондацијата ‘Уметност на живеење Македонија’ се изучуваат во над 150 држави низ целиот свет и им помагаат на милиони млади луѓе да се справат со стресот, да ја поттикнат креативноста и уникатноста во себе. Работилницата е пред се забавна и динамична и е наменета за сите млади луѓе кои живеат брз и модерен живот, а темите се следниве:
– Факултетската диплома одамна веќе не е доволна.
– Научи вештини како ефективно да се справиш со стресот, да менаџираш со времето и да ја одржиш концентрацијата на умот и покрај кратките рокови на работа и на факултет.
– Позитивната енергија е првиот предуслов да го поттикнеш лидерот и креативноста во себе.
– Научи како да останеш позитивен и покрај сите предизвици.
– Сигурно си слушнал за моќта на нашиот ум.
– Овде за првпат ќе научиш практични техники како да искористиш 100 % од својот потенцијал.
Семинарот ќе биде воден од Татјана Арсовска Ивановски и Наталија Спасовска, долгогодишни практиканти во Уметност на живеење Македонија. Влезот е бесплатен.