“Младите можат” заедно со младите иницијативци од општина Илинден, ја реализираат својата иницијатива: „Oбуки за личен развој и кариерно насочување на младите”.
Целта на оваа иницијатива е поттикнување и мотивирање на младите од општина Илинден за остварување на своите лични цели и стекнување на вештини за градење на успешна кариера.
Учесниците на обуките ќе бидат поделени во две групи, во зависност од тоа кои термини повеќе им одговараат.
* Група 1: 16-17 август
* Група 2: 23-24 август
Обуките ќе се одржуваат во просториите на Дом на култура во Илинден со почеток во 10:00h.
Од „Младите можат“ велат: Ги покануваме сите млади од општина Илинден, на возраст од 16-22 години да аплицираат за учество во проектот“.
Кратката апликациска форма е достапна на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/1tdcEbTny9Vq_n6HOv8AgTe9YE7dX9LUdKE784oQrxEA/viewform“ .