И месец септември во градот Крушево ќе биде во знакот на културата. Многубројните културни настани започнуваат со изложба на копаници, која е во чест на големиот македонски копаничар Петре Филипоски – Гарката.
По тој повод на 2-ри септември (вторник) во 12:00 часот во црквата „Св. Никола“ во Крушево ќе се одржи панихида со која ќе се обележат 160 години од смртта на Гарката. Истиот ден во 17:00 во Домот на култура „Наум Наумовски – Борче“ во Крушево ќе се отвори 57-та изложба на копаничарски дела. Организатор на изложбата е Здружението на копаничари на Македонија – Битола, а заинтересираните ќе можат да ја посетат до 9-ти септември.