На 16 февруари (сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената во МОБ ќе се изведе балетската претстава „Есмералда“ од Цезар Пуњи.
Диригент на претставата Бисера Чадловска, кореографија Михаил Крапивин од Русија, сценографија Живојин Трајановиќ, костимографија Љупка Ристовска и концерт мајстор Климент Тодороски.
Солисти:
Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов, Драган Кочовски
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.
Содржина:
ЧИН I/Слика прва: Ноќ. По патот врви Гудула со дете во рацете. Немајќи повеќе сили, таа паѓа на земјата и заспива. Циганите кои поминуваат по патот го земаат детето мислејќи дека Гудула е мртва. Разбудувајќи се, Гудула не го наоѓа своето дете… Таа си помислува дека е украдено од циганите. Несреќната мајка од голема тага го губи разумот…