Балетската претстава „Самсон и Далила“ вечерва ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет …
Во Македонската опера и балет (МОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс, а во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ.
Во насловните улоги ќе настапат првенците на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.
Балетската претстава „Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.