Изложбата „Луцидно синестетички дијалог“ на Атанас Ботев ќе се отвори вечерва (понеделник, 1 октомври, 2012 година) во 20:00 часот во галерија „Око“.
Авторот ќе се претстави со 13 слики работени во акрил и масло на хартија и на платно.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и ќе биде отворена до 9 октомври.