Околу 60.000 лица присуствуваа на бесплатен концерт во њујоршкиот „Централ парк“, кој имаше за цел да го привлече вниманието на јавноста на борбата против сиромаштијата во светот.
На концертот настапија повеќе изведувачи, меѓу кои и „Блек Киз“, „Фу Фејтерс“, Нил Јанг, „Канаан“ и „Бенд оф Хорсис“. Концертот заврши со настапот амаериканскиот соул пејач Џон Леџенд, кој ја изведе композицијата „Imagine“ од Џон Ленон.
Концертот беше бесплатен, но на неколку локации во „Централ парк“ беа поставени штандови на кои се пробираа донации за справување со сиромаптијата и за борба против заразните болести.
Организаторите на концертот обмислија тој да се одржи во време кога во Њујорк престојуваат голем број странски лидери, кои учествуваат на Годишното заседание на Генералното собрание на ОН