Врз основа на конкурсот објавен на 27 јули 2011 година во весникот „Вечер“, за изработка на композиција која ќе биде изведена на генералната прослава на 8 септември што ја организира Владата на Република Македонија, во Министерството за култура пристигнаа вкупно 13 композиции.
Комисијата во состав проф. Стојан Стојков – композитор, проф. Живоин Глишиќ – композитор и аранжер, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска – репродуктивен уметник, проф. м-р Саша Николовски Ѓумар – диригент, Ванчо Димитров – музички уредник, Михаил Ренџов – поет, Ѓорѓи Барбаровски – поет и новинар, вон. проф. м-р Сашо Татарчевски – диригент и Јета Старова – репродуктивен уметник, по преслушувањето на композициите донесе едногласна одлука, композицијата насловена „Македонија“, за која музиката и аранжманот ги направи Кире Костов, а текстот Миодраг Врчаковски, да биде свечената песна со која ќе се одбележи 20 годишнината од независноста на Република Македонија.