На 12 август во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” во Струга се одржа церемонијата на доделување награди, а потоа и Гала концерт на кој настапија најдобрите учесници на 11.Меѓународен арт фестивал “Езерски бисери”.
Натпреварите на „Езерски бисери“ се одржаа во две програми: класична музика и естрада, кореографија , фолклор.
Добитниците на наградата Гран при, камерниот оркестар при МФТИ од Русија и Вероника Ротин од Малта добија парична награда и статуетка од фестивалот, како и оригинални охридски бисери изработени од семејството Филеви.
Светската Асоцијација на фестивали, чиј член е фестивалот “Езерски бисери”, и додели специјална награда на Вероника Ротин, која доби и покана да учествува на фестивалот “Славјански Базар” во Белорусија.
Публиката на Гала концертот кој го водеше Миланка Рашиќ, беше восхитена од извонредните вокални изведби и атрактивните настапи на младите талентирани уметници.
Меѓу лауреатите кои настапија беа Камерниот хор при МФТИ и Концертниот хор “Премиера” од Русија, Весна Малиќ од Босна и Херцеговина, Даниела Михеева од Израел, танцов ансамбл “Акку” и Театар на мода “Колибри” од Казахстан, Вероника Ротин, Жан Клод Азопарди и Лоуел Рејчел од Малта,
како и нашите Антониа Гиговска, Денис Димоски, Јане Дунимаглоски, Боби Мојсоски, Трајче Ѓорѓиев и Иван Мамучевски.