Активности на ИТИ за Светскиот ден на театарот

По повод 27 март, Светскиот ден на театарот Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт, со седиште на Универзитетот „Евро Балкан“  во Скопје, ги организира следниве активности:

 

18:00 – Премиера на краткиот видео-филм: Пораката на Дарио Фо во интерпретација на македонската актерка Ирена Ристиќ, концепт: Ирена Ристиќ и Ана Јакимска, режисер: Ана Јакимска, продукција: Македонскиот Центар на ИТИ/Универзитет Евро Балкан.

18:15 – Македонската порака за светскиот ден на театарот, ја напиша и презентира македонската актерка Мими Таневска.

18:30 – Отворена панел дискусија на тема: „Какви театарски продукции посакувам/е? Какви видови на театри/репертоари ни се потребни?“

Потврден гостин / презентер на панелот: Д-р Наум Пановски (Poiesis Theatre Project, New York, USA)

20:30  – Коктел

You May Also Like