Гран при на „Езерски бисери“ за Камерниот хор при МФТИ и Вероника Ротин

Камерниот хор при МФТИ и Вероника Ротин добитници на Гран при на годинешното издание на „Езерски бисери“ …

hotel biser strugaКамерниот хор при Московскиот Институт за физика и техника (МФТИ) од Русија и Вероника Ротин од Малта се добитници на Гран при наградата на 11. Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери“.

– Вистинско откритие на „Езерски бисери 2014“ е десетгодишната пејачка Вероника Ротин, која се натпреваруваше во соло естраден вокал и уште со првата моќна и зрела изведба ја освои публиката и жирито. Интернационалното жири едногласно одлучи да и ја додели највисоката фестивалска награда заедно со хорот при МФТИ од Русија кои беа извонредни во класична музика, хорско пеење, изјави Миланка Рашиќ член на организацискиот одбор на Фестивалот.

Наградите ќе им бидат врачени утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а потоа наградените учесници ќе одржат гала концерт.

Натпреварите, како што информира денеска Рашиќ, се одржале во две програми: класика и естрада, кореографија.

– Мора да се истакне дека македонските уметници освоија бројни награди и го потврдија талентот пред интернационалното жири. Во класична музика, иструменталисти, за лауреати од прв степен се прогласени Иван Трајаноски на саксофон и Варвара Петрова на обоа, кои добија и посебна награда „Бисер на фестивалот“, Богдана Бушевска на флејта, Тамара Смилјаноска на пијано и Филип Гаврилоски на хармоника од Македонија, Евгениј Николаев и Дарија Мелникова од Русија на пијано, изјави Рашиќ.

Според неа, голем успех постигнале македонските таленти во класична музика, соло пеење каде за лауреат од прв степен се прогласени Денис Димоски, Мартина Аврамоска и Јане Дунимаглоски, кој ја освои и наградата „Бисер на фестивалот“.

Во хорско пеење лауреати од прв степен се Камерниот хор при МФТИ и Концертен хор „Премиера“ од Русија.

Во програмата естрада, кореографија, Рашиќ истакна дека лауреати од прв степен во естраден вокал, солисти се Антониа Гиговска, Иван Мамучевски од Македонија и Даниела Михеева и Анастасија Силантјева од Русија, Весна Малиќ од Босна и Херцеговина.

Казахстанските учесници Театарот на мода „Колибри“ и танцовиот колектив „Акку“ беа лауреати за народно стилизиран танц.

На 11. издание на „Езерски бисери“ се натпреваруваа околу 400 учесници од Македонија, Русија, Израел, Казахстан, Малта, Босна и Херцеговина, Бугарија,… Покрај официјлниот дел за учесниците беа организирани и посета на Вевчани и Охрид и крстарење по Охридското езеро.

You May Also Like