Chromatic Point апсолутни победници на третиот Т’к Так фест

Пред четири дена во Кавадарци заврши третиот „Т’к Так фест“. Фестивалот и годинава ја продолжи мисијата на прерано починатата македонска рок легенда, Трајко Каров, одлична рокенрол забава и промоција на млади бендови.

 

t'k_tak_2014

Токму младите бендови го имаа главниот збор во првите два часа од фестивалот. Новите надежи на кавадаречката рок сцена, Џоа бенд го имаа своето „огнено“ крштевање на воведот на фестивалот, додека пак Chromatic Point го одбележаа натпреварувачкиот дел, заминувајќи си со признанието за најдобар бенд, но и со Гран При наградата „Трајко Каров“, која по втор пат заврши кај Филип Јездиќ. На второто место се најдоа Nine Weeks, додека третото место го поделија бендовите Switch и Slave Pit. Покрај за музичарите, признанија завршија и во рацете на претставници од Општина Кавадарци, Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, генералниот покровител „Фени Индустри“ и фамилијата Карови, додека специјално признание за промоција на Кавадарци и кавадаречката рок сцена доби бендот Smoke Shakers.

Надвор од натпреварувачкиот дел, на големо задоволство на неколку илјадната публика настапија веселиот новинарски состав „Репортерс“, и минатогодишните победници, бендот „Ептен“ кој го промовираше својот деби албум „Доста е“. Кулминацијата на вечерта се случи кога на сцената се појавија момците од „Нокаут“ кои уште од првиот момент воспоставија неверојатна комуникација со пет илјадната публика, покажувајќи зошто се еден од најдобрите концертни бендови во земјата

You May Also Like