Летен младински спортски камп 2012 во Охрид

В петок (10 август, 2012) во 19:00 часот во хотелот Далјан во Охрид ќе биде отворен Летниот младински спортски камп 2012. Стартот на кампот ќе го означи г-ѓа Алеша Совинц, министер-советник од Амбасадата на Република Словенија.

Во рамките на проектот „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој во Македонија“, од 10 до 17 август 2012 во хотелот Далјан во Охрид ќе се одржи Летен младински спортски камп.

Планирано е на кампот да учествуваат 120 лица од повеќе места, училишта, општини: Старо Нагоричане,Куманово, Сарај, Липково, Шуто Оризари,Берово, Чешиново-Облешево, Кочани, Велес, Крушево, Ресен, Охрид .

Составот е хетероген има деца од основни и средни училишта, а водачите на групите се оспособени лидери во рамките на Проектот, но и наставници од повеќе области. Учесниците се од повеќе националности:македонска,албанска,ромска, турска, српска, влашка. За прв пат на овој камп учество ќе земат и деца со посебни потреби од Охрид.

Носител на проектот е Спортската Унија на Словенија, а ГАРД-Граѓанска асоцијација за рекреативно движење е коориднатор и операционализатор. Во проектот е активно вклучена и Амбасадата на Република Словенија во Македонија.

You May Also Like