Македонската опера и балет два пати била ограбена во изминативе дeсет дена, потврди директорот Васо Ристов за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Крадецот или крадците влегле преку кровот, од страната на паркингот на НОБ, и упаднале во канцелариите на сметководство и на правната служба на вториот кат.
Првата кражба се случила пред десет денови, а втората пред два дена. Во првата кражба од канцелариите на вработените во сметководство се украдени три компјутери, еден лаптоп и еден хард диск, а во втората од канцелариите на правната служба еден маус за компјутер и два рутера за интернет.
Оттаму додаваат дека во хард дискот има информации за целата финансиска состојба на националната институција.
Извор: СДК.мк