Утринава, Министерството за култура ги објави резултатите од годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во сферата на културата.
Конкурсот минатата година предизвика огромни негативни реакции, најмногу поради укинување или драстично намалување на сиумите за поддршка на одредени проекти кои подолг период привлекуваат интерес и голема публика, но и поради поддршката на одредени проекти кои со ништо не можеа да добијат предзнак „национален интерес“ или пак за кои беше евидентен непотизмот при доделувањето.
Поради сето ова, процесот се оддолжи, а по пријавите и жалбите, некои нешта се исправија, но огромен дел останаа на првичната одлука.
Се менуваа и правилата за конкурирање, форматот, како и начинот на бодувањето, но културната јавност најмногу реагираше за тоа како се отценува и кој одлучува при изборот.
Еве ги годинешните добитници на средства доделени од страна на Министерството за култура… КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Видливо е и дека не се објавени резултатите за дејноста Визуелни уметности. Од која причима се доцни, или пак истите не се објавени, очекуваме да се обзнани во текот на денот.
Реакциите и од Институциите и стручната јавност, како и артистите ги очекуваме во следните неколку дена.