Лајка препорачува: За превенција од топлотен удар кај кучињата

Согласно високите температури во овој период од годината за да ги заштитиме милениците важно е најпрво да ги препознаваме симптомите, за потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.

Препораки :

  • Вашиот миленик шетајте го во раните утрински часови и доцните вечерни.
  • Обезбедете му соодветно место, заштитено од сонцето доколку престојува на отворен простор
  • Никогаш не го оставајте вашиот миленик внатре во затворено возило , па дури и кога се работи за денови со ниски температури .
  • Избегнувајте шетање по асфалт , тоа може да доведе до изгоретини на шепите на вашиот миленик .
  • Често менувајте им ја водата за пиење .

Симптоми кои укажуваат топлотен удар кај кучињата

  • Отежнато и забрзано дишење
  • Зголемен пулс и работа на срцето
  • Прекумерно лачење на лигавица од устата
  • Мускулна слабост
  • Крвава столица и нагони на повраќање
  • Зголемена телесна температура

Што да правите доколку вашиот миленик има топлотен удар

  • Веднаш обратете се кај вашиот ветеринар, но доколку не сте во можност однесете го во затемнета просторија каде нема да има директен контакт со сонцето .
  • Поставете ладно-мокра крпа над неговиот врат и глава (и повторувајте ја постапката повеќе пати )
  • Доколку сте во можност обезбедете цревосо вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен
  • Колку што е можно побрзо посетете го вашиот ветеринар.

You May Also Like