Денес (среда, 04. 09. 2019) ќе се одржи јавна трибина на тема “Раздавање, распродавање или крадење на македонската историја“/Пиши-бриши брусалка историја и Дали добрососедството подразбира и негирање на сопствената историја?/
Воведни излагања на темата ќе поднесат:
Д-р Тодор Чепреганов – “Илинденско или илинденско-преображенско востание?“
Д-р Наташа Котлар-Трајкова – “Македонско национално движење во XIX век: Особености и процеси“
Ефтим Клетников – “Историјата како култура и варварство: Европскиот идентитетски геноцид над Македонија“
Дардан Венетски – Раздавање, распродавање или крадење на историја?
Во дебатниот дел учество ќе земат повеќе историчари, социолози, политолози и аналитичари.
Трибината ќе се одржи на 04. 09. 2019 година(среда), во хотелот Бест Вестерн (поранешен Турист), ул. Македонија, со почеток во 13: 00 часот
Организатори на трибината се Македонски манифест и Институт СИА Виста, Скопје.