Предавање „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ на проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет – УКИМ.
Ова предавање се одржува во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, со цел да ги запознае присутните со африканската култура.
Предавањето ќе се концентрира на начинот на кој визуелно биле претставувани африканските индивидуи на крајот на 19 и почетокот на 20 век. „Панаѓурското“ изложување на претставници на африканските народи пред љубопитните погледи на жителите на Европа и САД имала за цел да создаде контраст помеѓу наводното дивјаштво на првите, и „цивилизираноста“ на вторите.
Во рамки на предавањето акцент ќе биде ставен врз судбините на Конгоанецот Ота Бенга и Јужно-африканката Сара Бартман, како парадигматични за конструирањето стереотипи поврзани со расата и различноста, чие ехо одекнува и денес.
Предавањето ќе се одржи на 08.11.2018 (четврток) во 12:00 часот во кино салата на Музеј на Македонија.