Државниот архив ќе подари изданија на Бигорскиот манастир

Поголема збирка од изданијата на Државиот архив на Македонија ќе го збогати книжниот фонд на библиотеката на манастирот „Свети Јован Бигорски“ кој беше опожарен пред три години.

Колекцијата се состои од монографии за значајни личности од македонската историја, како и зборници со документи кои ги опфаќаат најбитните етапи и настани за оформувањето на македонската државност, од кои најинтересни се документите што ги содржат извештаите на претставниците на големите сили во Македонија.

You May Also Like