Вечер (22 јануари, вторник) во 20:00 часот на сцената на МОБ ќе се изведе балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков.
Диригент на претставата Бисера Чадловска, кореографија на
Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Марија Ветеровска, костимографија Маја Бурсаќ од Србија и концерт мајстор Климент Тодороски.
Солисти:
Забеида: Александра Мијалкова
Златен роб: Васил Чичијашвили од Грузија
Султан Шахријар: Горан Божинов
Шах Земан: Киро Павлов
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.