„Пиволенд 2012“ со звучни имиња од регионот

Утре (среда 29, август 2012 година), во организација на Градот Скопје и Здружението на граѓани за развој на културниот туризам –Пиволенд од  Скопје, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски”, во 18:00 часот и официјално ќе стартува петтото издание на Гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2012“.

На првата вечер на петтиот по ред Пиволенд , по долгогодишна пауза, ќе настапи македонската музичка група „Ласт експедишн“ , легендарната група од поранешните југословенски простори „Бајага и инструктори“, а пред публиката ќе се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

На „Пиволенд 2012“ со својот асортиман ќе се претстават 15 пивари производители и  увозници на пиво, но како и секоја година, петте фестивалски вечери ќе изобилуваат со богата музичка и гастрономска понуда, што ќе ги задоволи различните вкусови  на публиката.

Од Здружението на граѓани за развој на културниот туризам –Пиволенд од  Скопје, потенцираака и годинава во рамки на одржувањето на фестивалот ќе бидат воведени некои новитети како што се: економско пиво што ќе чини само 50 денари, 8 штандови со гурманска понуда во еден агол, како и Happy Sunday, кога на последниот фестивалски ден, односно во недела сите пива ќе чинат 50 денари.Т

На паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“ што ќе биде специјално опремен за овој настан, влезот ќе биде бесплатен, а на двете музички сцени, во петте вечери ќе настапат околу 30-тина музички солисти, ди-џеи, артисти и бендови, меѓу кои од популарните музички имиња, пред македонската публика ќе се претстават и „Елементал“ и „Баилдса“, потоа Рамбо Амадеус, македонските „Нокаут“ и новосадската група „Драм ен зез“, „Литл Џо“, „Памперс“, „Севдах Бејби“, С.А.Р.С, „Ај Кју“ и уште многу други.

Журките ќе почнуваат во 18:00 часот, ќе траат до 01:00 часот, додека во петок и во сабота времето за забава ќе биде продолжено до четири часот по полноќ.  На денс арената годинава ќе преовладува македонската електронска сцена, па така пред публиката ќе настапат познати македонски ди-џеи.

Меѓу бројните шанкови и големата понуда на пиво, со свој шанк по трет пат ќе се претстави и Old School cafe, познатото скопско собиралиште на музичарите, ликови од страдата и секако, вистинските рокери. Ќе служат Lasko и ќе се погрижат за вашето добро расположение.

„Пиволенд 2012“ ќе трае до недела, 2 септември 2012 година.

You May Also Like