Истанбул – светски културен центар за 2012

Британската фирма „Најт френк“ која го спроведе истражувањето „Извештај за културата во светот“ за 2012 година, објави дека главниот град на Турција – Истанбул е прогласен за центар на културата за оваа година.

Причините поради кои Истанбул ја носи оваа титула се спојот на древното со модерното, богатата историја, архитектура, музеи и културни манифестации што ги поседува овој град. Многубројните национални музеи, кина, театри, книжарници и споменици во Истамбул се на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

По Истанбул на листата се најдоа: Јоханесбург како втор, Лондон- трет, а потоа Мумбај, Њујорк, Париз, Сиднеј, Шангај, Токио, Берлин, Сао Паоло и Сингапур.

You May Also Like