Утре, (среда) 17-ти октомври, во Националната институција центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип директорот на Центарот Горан Трајков и генералната менаџерка на Меѓународниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима, Весна Огненовска, ќе потпишат протокол за соработка.
Со овој документ е предвидена размена на кадри и ресурси меѓу двете институции што ќе рече актери, режисери и други театарски дејци од Центарот за култура во Штип ќе учестуваат во работа на проекти на Уннверзитетот Еуропа Прима и ќе можат да ги користат техничките, просторни и кадровски можности на Универзитетот за доедукација и претставување на свои проекти пред пошироката јавност, особено од областа на аудио и звучниот инженериг, продукција и културен меназмент, фотографија, камера, монтажа, режија, драматургија,современа актерска игра, осветлување на сценски простор, анимација, филм, применета музика и др.
Центарот за култура со своите сценски просторни и технички можности и кадровскиот потенцијал ќе биде домаќин на проекти на Универзитетот Еуропа Прима, пред се театарски претстави, работилници, едукативни активности, курсеви од областа на аудиовизуелните уметности и медиумската култура. Предвидена е соработка која опфаќа гостувања во Штип на претстави од Меѓународниот театарски фестивал Актерот на Европа, студентски претстави, концерти и рецитали, филмски проекции на филмови од Меѓународните филмски фестивали СЕЕ Берлин и Париз, проекции на документрни и анимирани филмови од продукцијата на Еуропа Прима и др.
Договорот предвидува и копродукциски проекти од областа на аудиовизуелните уметности и соработка на Центарот за култура од Штип со повеќе универзитети од Европа со кои Уиверзитетот Европа Прима сорабтува како и заедничко конкурирање со проекти пред европските фондови.
По потпишувањето на договорот ќе се одржи работилница на тема: Театарската критика и медиумите денес со учество на професори од универзитетот Еуропа Прима.