Вечер (понеделник, 10 декември, 2012 година) во 19:00 часот во Музејот на македонска борба за државност и самостојност, концерт ќе одржат хорот, оркестарот и неколку солисти – ученици во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.
На програма овој пат се Бах, Вивалди, Монти, Шостакович. Како солисти со оркестарот на виолина ке настапат 8 годишната Марта Попоска, потоа две виолини Неџмија Мехмед и Зана Зумери, потоа четири виолини Љубица Делева, Ени Вучидолова, Крстина Шокароска и Бојан Муров. Ќе настапи гудачкиот оркестар, дувачкиот оркестар и симфонискиот оркестар. Диригент е Ле Фи Фи.
Концертот доаѓа како продолжение на големите успеси што во мај-јуни го направија хорот, оркестарот и бендот (120 учесници на сцена) одржувајќи 4 концерти во Скопје (Дом на Арм и Скопско Лето), Битола (БитФест) и Кочани (град на Култура 2012).