Прилеп со богата културна програма во 2012 година

Директорот на прилепскиот Центар за култура, Тони Чатлески најави стотина настани од областа на драмската, ликовната, музичко – сценската, издавачката дејност како дел од Центарот за култура „Марко Цепенков” од Прилеп, а се вклучени во Годишната програма на проекти што ги  финансира Министерството за култура.

Во програмата на Министерството се прифатени претставите „Многу врева за ништо“ од Шекспир на режисерката од Белград Ива Милишевиќ, „Змејовата невеста“ од Димитар Молеров, во режија на Нела Витошевиќ, „Цепенков 012“ (Сонот на Цепенов),  според творешвото на Марко Цепенков, во режија на Кирил Петрески,  и   независниот проект „Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш, во режија на Петар Темелкоски.

За нив Министерството ќе одвои меѓу 2,5 – 3 милиони денари, а Чатлески е убеден дека  и со овие претстави Прилепскиот театар, ќе постигне успеси на домашната и на странските сцени.

Проектите од ликовната дејност министерството ќе ги поддржи со 400.000 денари. Планирани се 40-ина изложби  на уметници од земјава и странство, а со пари од Министерството за култура ќе се организира и петтата меѓунардна ликовна колонија „Дрен“.

Чатлески информираше и дека за реконструкција на ентериерот и сцената на салата од Домот на културата од Министерството  за култура се  одобрени 750.000 денари.

You May Also Like