Покривот на Музеј на Македонија саниран

Музејот на Македонија во Стара скопската чаршија ги реши своите проблеми поврзани со покривот на објектот. По шест месеци работа заврши санацијата на покривот на музејската зграда. Се санираше на повеќе од две третини од вкупната површина на покривот. Износот на проектот е осум милиони денари, кои ги обезбеди Министерството за култура.

Автор на проектот за реконструкција е архитектот Kоста Мангаровски, а овластен конзерватор Андреја Јовановски. Проектот за санацијата и за реконструкцијата на покривот над изложбените сали е дел од планираниот проект за целосна санација, реконструкција и модернизација на Музејот на Македонија.

Годинава ќе се работи на пристапното плато на Музејот. Се поставува нова хидроизолација и ќе се постават мермерни плочи на околу 4.000 квадратни метри. Санација и реконструкција се планира и на постојаната музејска поставка за „Граѓанската војна во Грција и децата-бегалци“, која ќе биде сместена во просторот на некогашната археолошка поставка, која ќе се пресели во новиот објект на брегот на реката Вардар, до Камениот мост.

You May Also Like