Францускиот институт во Скопје во вторник (27 ноември 2012), во 12:30 часот, на Медицинскиот факултет во Скопје (Амфитеатар на Деканатот) организира предавање и дебата „Биг Бенг или како настанал светот“.
Предавањето ќе го одржат Лудвиг Добрзински и Даниел Денегри, двајцата реномирани физичари и Директори на истражувања во Националниот центар за научни истражувања на Франција, со наслов „Биг Бенг или како настанал светот“. Настанот е организиран во соработка со Медицинскиот факултет во Скопје.
Дебатата е од отворен карактер и обезбеден е симултан превод.
На 27 ноември 2012, вторник, во 19:30 часот, во Францускиот институт во Скопје, кога ќе биде отворена изложбата „Машина за патување низ времето“. Изложбата ќе биде отворена во присуство на двајцата научници Дорбрзински и Денегри, кои ќе дискутираат со публиката за самата изложба.
Во рамите на овој проект, предвидени се и две педагошки активности со двајцата физичари:
– предавање и средба со студентите на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и
– средба и отворена дискусија со учениците од средното училиште „Орце Николов“.