„Дај му форма на животот“ во Мала станица

Изложбата „Дај му форма на животот“ ќе се одржи во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, во петок (7 декември, 2018), со почеток во 13 часот.

Националната галерија на Македонија преку разните едукативни содржини посебно става акцент на активностите и проектите посветени на ранливите категории. Проектот „Дај му форма на животот“ е дел од проектот Уметност за сите кој е финасиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

Во овие креативни работилници со глина учествуваа децата од Училиштето за слепи лица ,,Димитар Влахов, децата од училиштето за деца со оштетен слух и говор ДУЦОР „Партенија Зографски“ како и учениците од паралелката за меѓународна матура од СУГС Гимназијата Јосип Броз.

Тие работеа со глина бидејќи таа со својата пластичност и можност да се одзема и додава, лесно се обликува, и овозможува учениците брзо да ги реализираат своите желби. Ваквите проекти многу значат кога нивниот труд има вистинско место и позитивна реакција.

Преку проектот „Дај му форма на животот“ Националната галерија на Македонија го одбележува 3ти декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Изложбата ќе биде поставена до 17-ти декември 2018 година.

You May Also Like