Комедијата „Ни ваму- ни таму“ во Битола

Вечер (петок, 23 ноември 2012 година) во 20:00 часот во Големата сала на Центарот за култура – Битола, игра урнебесната комедија „Ни ваму- ни таму“.

Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде… Овде било вака, таму онака… Расправии – до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот.

режија: Бојан Трифуновски.

играат: Љупчо Тодоровски-Упа, Симеон Дамевски-Мони, Никола Кумев.

You May Also Like