Почнува проектот „Музејот – пријател на децата“

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува проектот “Музејот – пријател на децата”.

Со овој проект се предвидува одржување креативни и едукативни работилници во просториите на музејот со ученици од литературни, ликовни, драмски и историски секции од основните училишта и од средните училишта од градот.

Музејот ги поканува заинтересираните ученици и наставници да го пријават своето учество во работилниците. Учесниците ќе добијат диплома за учество, а за најуспешните предвидени се и
и награди.

Музејот ќе обезбеди материјали за работилниците и освежување за учесниците. Оваа година проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Повеќе инфoрмации на www.mmb.org.mk и на 02 3256667.

You May Also Like