Музички настан „Празнење батерии“

Празнење Батерии со Нокаут, Eye Cue, DJ Chvare и многу други. Едукативно Зелено видео со Сашко Коцев, Гиш, Тино Костадиновски и други. Музичко-едукативниот настан “Празнење батерии” ќе се одржи во зимскиот клуб Хавана во петок на 24 Октомври. На концертот ќе настапат Нокаут, “Eye Cue”, “DJ Chvare”, “Funk Shui”, Марлон Брандо и “DJ K-105”.

Влезница:
5 (или повеќе) празни батерии
1 нефункционален мобилен телефон
1 празна батерија од лап топ или фото апарат.

Организаторите најавуваат „Целта на настанот е добразабава и развивање на свеста кај младите за селектирање и рециклирање на батериите и мобилните телефони.Настанот е дел од проектот Гоу Клин. Целта на проектот е воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии и помал електронски отпад.Проектот е поддржан од Норвешката Амбасада во Белград и Т – Мобиле.

Во видеото се појавуваат: Сашко Коцев, Сашо Гигов – Гиш, Антонио Јовановски, Елеонора Јовановиќ, Катерина Попева, Огнена Ристовска, Кирил Трајковски, Тино Костадиновски, Дајана Аритоноска, Јована Аврамовска и Марко Соколовски.

Сценарио и режија: МаркоСоколовски (Go Green)
Камера: Сотир Ивановски (TiR record) и ЈанеЈанков
Видеомонтажа: Сотир Ивановски (TiR record)
Аудио: Димитар Маневски (Didako)
Дизајн: Симона Блажевска и Емилија Јосифовска (БЗК Орце Николов)

You May Also Like