Училишни спортски лиги во Гази Баба

Во спортската сала М.А. Ченто (во дворот на ОУ Н.Н. Борче) во Маџари, во организација на општина Гази Баба и Сојузот за училишен спорт Гази Баба, вчера (петок, 26 октомври) започнаа училишните спортски лиги.

Во рамките на училишните лиги се вклучени спортовите мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг понг и атлетика.

Во лигите кои ќе траат за време на целата учебна година, во сите спортски дисциплини учествуваат 500 ученици од сите училишта од подрачјето на општината.

You May Also Like