Граѓанска иницијатива за селектирање на отпад со добра цел: – Време е да го кренеме рециклирачкиот дух во Македонија на повисоко ниво. Контејнери за пластични шишиња има насекаде низ град, но ретко кој се труди да ги селектира од останатото ѓубре.
Правењето на новогодишна елка од пластични шишиња ќе се случува на 25 Декември 2011 година во Градски Парк во Скопје. Секој од вас што сака да учествува треба да направи три работи:
* До 24 Декември да собере што е можно повеќе пластични шишиња
* На 24 Декември од 12.00 – 14.00 часот да ги донесе собраните шишиња на еден од собирните пунктови
o Платото пред Универзална сала – Таму ќе ве чекаат Ивана (мало бушавко, нема шанси да ја утнете) и Душица (debarmaalka.wordpress.com)
o Бисер – Таму ќе ве чека Ајродромскион (aerodromskison.blogspot.com)
o Карши хотел Бристол – таму ќе ве чека Тамара (tamaraatanasoska.wordpress.com)
o Лептокарија – таму ќе ве чека Дарјан (darjanradenkovic.blogspot.com )
o Капиштец пред Беверли Хилс – Таму ќе ве чека Јована (jovanatozija.blogspot.com)
* На 25 Декември да дојдете во 12.00 часот во Градски Парк во Скопје и да помогнете во конструирањето на елката. Понесете доколку имате скалпери по дома, ќе требаат за сечење на шишињата.
А бидејќи новогодишна елка не е елка доколку нема лампиони, понесете ги од дома и сите стари ЦД-иња кои што веќе не ви требаат.
Засега е отворена и првата филијала за собирање пластични шишиња и надвор од Скопје.
Сите оние кои што се од Куманово, а не можат да дојдат до Скопје, шишињата може да ги депонираат кај Сања Станковиќ дома (контактирајте ја преку https://www.facebook.com/ssanja4 )
Доколку има доброволци од други градови што би собирале шишиња надвор од Скопје, а би ги донеле шишињата на 25 Декември во Скопје, пишете на ѕидот на овој евент.
Шишињата потоа ќе бидат фрлени во контејнерите за пет амбалажа.
Се надеваме дека ќе ве видиме во што поголем број, и на 24-ти и на 25-ти.
Be cool. Recycle!!!