Модна ревија за идните невести

Модниот викенд Скопје по повод денот на љубовта и виното за сите идни невести ја организира „The Bridal Fashion Night“, која ќе се одржи премиерно на 14 февруари (петок), со почеток во 19:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност и државност.

Во информацијата за настанот се вели: „Вечерта ќе биде исполнета со модни ревии за сите дами кои се подготвуваат за најпосебниот ден во животот. Идните сопруги кои се уште не се сигурни околу својот избор или веќе го имаат замислено својот идеален венчален фустан, ќе можат да го пронајдат во најновите модели на македонските дизајнери и реномирани бутици за венчаници : Студио Ziane, MCouture by Mila Kadriu, Al Aparel, Emili Exclusive Design, Ателје Zana и Бутикот за венчаници Bianka.

Освен големиот избор на невестински фустани, на модната писта ќе можат да се видат и вечерни тоалети. Креациите ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“, мејкап и бјути партнер на настанот се Cosmo во соработка со „FreshMinerals“(шминка), брендот Rolland во соработка со фризерските студиа Бубе Студио Ин и Cool Cut (фризура). Декор-партнери на настанот се FANCY Marriage – „Ние ги организираме вашите спомени“-организација на свадби и други свечености.

Моет и овојпат „Поврзува двајца за елегантен и весел Валентајн или за значајни моменти во животот“. Peugeot е секогаш тука да понуди соодветен модел на возило по мерка на сопружниците, за секој нов ден да им биде уживање при возењето.

Од годинава Моден викенд Скопје покрај организацијата на најголемиот моден настан што се случува кај нас, застанува и зад новиот проект – „The Bridal Fashion Night“ кој воедно е и прв од ваков тип во Македонија.

You May Also Like