Ректорот на УКИМ во посета на Универзитетот Ломоносов

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и почесен професор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов”, проф. д-р Велимир Стојковски, по покана на ректорот на Универзитетот “М.В.Ломоносов”, академик. проф. д-р Виктор Антонович Садовничиј, е во работна посета на “Ломоносов” Универзитетот.

Двата универзитета имаат исклучително добра академска, научна и културна соработка која се остварува во континуитет уште со потпишувањето на првиот договор за соработка во 1973 година. Во рамките на посетата ќе бидат остварени средби со Лекторатот по македонски јазик на “Ломоносов” Универзитетот каде што УКИМ има испратено лектор и каде се изучува македонскиот јазик. Покрај тоа, ќе се одржи и
работен состанок за финализирање на процедурата за отворање на Руски центар на УКИМ, што е од особено значење за двата универзитета и двете држави. Отворањето на центарот во 2014 година, истовремено е симболички поврзано и со одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската федерација и Република Македонија.

You May Also Like